Дали ќе oстане летното сметање на времето анализираат и МАНУ и Бирото за метеорологија 

Иако беше најавено дека до крајот на неделата ќе бидат готови анализите на Министерството за економија за тоа дали Македонија, заради енергетски заштеди ќе остане на летното сметање на времето, по сѐ изгледа на одговорот ќе се почека уште малку. Министерот Бектеши вели дека побарал мислења и од МАНУ и од Бирото за метеорологија.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека е побарано мислење од МАНУ и од Бирото за метрологија и најави дека штом се добие нивното мислење, анализата ќе биде доставена до Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.

Премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот изјави дека анализите ќе покажат каква одлука ќе биде донесена, при што призна дека има повеќе „про“ за да остане летното сметање на времето поради првичната проценка дека тоа ќе биде можност за заштеда на енергија.

Инаку, зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври, кога стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons