Гужви на Табановце и Богородица, а на Меџитлија има прекин

Од извештајот на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) може да се забележи дека има гужви на граничните премини Табановце и Богородица, а на Меџитлија има прекин. 

Од 19:30 часот на Меџитлија сообраќајот е во прекин во двете насоки поради паднато дрво.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на ГП Богородица за влез и за излез се чека околу 30 минути. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во извештајот на АМСМ. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons