Грција не попушта, граѓаните имаат уште 12 дена рок да извадат нови документи
Нема отстапки, уште 12 дена граѓаните имаат рок да ги заменат документи со нови. За две недели од сега, сите што ќе патуваат мора да имаат пасош на кои ќе стои името Северна Македонија, тоа важи и за возачките дозволи и регистерските таблички. Пред пунктот Пролеќе вообичаените гужви, стари изнемоштени и мали деца кои чекаат во ред по неколку часа. Револтирани се што државата не нашла начин како да ги опслужи сите а времето е кратко.
Официјална Атина не отстапува од роковите и инсистира на целосно почитување на Преспанскиот договор. Грчкиот министер за надворешни работи пред парламентот порача дека договорот е меѓународен и обврските што произлегуваат од него мора да се исполнат. Договорот не може да се модифицира.
„Овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго.“
За трите меморандуми со Северна Македонија кои грчкиот парламент се уште не ги ратификувал, порача дека зависат од верното и строго почитување на одредбите од преспанскиот договор.
За метежот со издавање на документите техничкиот министер за внатрешни Панче Тошковски за Сител вели ќе се прават прераспределби за да се менаџира подобро. Најави дека ќе се намали рокот за фотографирање за лични документи, но вели невозмопжно е сите да бидат опслужени за овие две недели.