ГРЦИТЕ ГИ ТЕПААТ, ПА И ГИ УБИВААТ БЕГАЛЦИТЕ Ердоган со драматично обвинување кон Атина

Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат, истакна Ердоган.

Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул.

– Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат – истакна Ердоган.

Тој додаде дека „земјите како нас, што се соседи во кризни подрачја, имаат најголем товар кога се во прашање миграцијата и бегалците, а не развиени општества што само го креваат гласот“.

Според Ердоган, оние кои прифатиле неколку стотици бегалци и ги користат како рекламен материјал, не преземаат никаква одговорност пред сè поголемата хуманитарна криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons