Спорт

Грузија пукна „петарда“ против Бугарија во Разград 

Пред почетокот на натпреварите во групата 4 од Лигата „Ц“ се предвидуваше дека Бугарија најверојатно ќе биде главниот конкурент на Македонија за првото место кое води во плеј-офот за Евро 2024, но по стартните две кола ситуацијата драстично се промени.

Грузија е селекцијата која ќе биде наша најголема закана за врвот, по триумфот дома Гибралтар од 4:0, вечерва Грузијците беа убедливи и на гостувањето на стадионот во Разград против Бугарија (2:5).

Уште во четвртата минута играчите предводени од француската легенда на Баерн, селекторот Вили Сањол, стекнаа предност со голот на Давиташливи, а по половина час игра позитивата беше зголемена после автоголот на Христов.

На стартот од вториот дел домаќините намалија преку Илиев (50`), па следуваа уште три гола на Грузијците. За 1:3 се погрижи Зивзвадзе (52`), потоа на 1:4 зголеми Кварацхелија од пенал (58`), а Вако (70`) стрелаше за 1:5.

Бугарите успеаја само да го ублажат поразот во 83 минута преку Стефанов, а гостите имаа шанса да постигнат уште еден гол, но во 94 минута Квеквескири не беше прецизен од белата точка (90+4`).

УЕФА Лига на нации

Лига „Ц“, група 4

2. коло, резултати:

Гибралтар – Македонија 0:2
Бугарија – Грузија 2:5

Табела:

1. Грузија 6 бодови
2. Македонија 4
3. Бугарија 1
4. Гибралтар 0

Следно, 3. коло, двојки – 

9 јуни
20.45 часот Македонија – Грузија
20.45 часот Гибралтар – Бугарија

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons