Граѓаните се жалат на високите цени на прехранбените производи

Новиот бран поскапувања дополнително ја намали куповната моќ на граѓаните. Сега граѓаните стравуваат дека и основните прехранбени производи ќе им станат луксуз на трпезата. Со завршувањето на мерките за замрзнати маржи и намалено ДДВ на храната и енергенсите тврдат дека голема е разликата на цените на производите кои секојдневно ги набавувале од маркетите.

„Со 10 илјада денари, што да се купи, а ние сме 6-мина. Владата мисли само за луѓето околу неа, за друго не мисли“…

„Многу се високи цените, не знам како ќе живееме ние. Со 250 евра не стигнува за ништо. Од владата можат да живеат оти зимаат по 3 илјада евра, тие главните зимаат по 3 илјада евра, а ние со 250 евра“, реагираат граѓаните.

Екипата на Алсат случајно затекна човек кој подолг период живее во Холандија. Според него во Македонија цените на поголем дел од прехранбените производи и на струјата се повисоки од оваа западно европска држава каде платите надминуваат и неколку илјади евра.

„Таму земам кило јаболки 60 денари, килограм круши се 60 денари тука се 80. Во Македонија е два пати поскапо. Месо од кокошка купувам да ви кажам таму многу евтино, тука е многу поскапо. Струјата таму е поевтина од колку тука“, вели еден граѓанин.

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вчера изјави дека истекот на антикризните мерки не можат да предизвикаат таков вртоглав скок на цените на производите, како што се случи. Според него дел од трговците манипулираат со неразумно зголемување на цените. Битиќи најави дека инспекторите на терен ќе вршат засилени контроли кај трговците. Дел од експертите пак за Алсат посочија дека и натаму се потребни мерки, но тие треба да бидат таргетирани кон граѓаните и компаниите кои се најпогодени и најзасегнати, дали тоа ќе биде во форма на ваучери или пак, во форма на дополнителни даночни олеснување за компаниите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons