Граѓаните потпишуваат петиција со цел улицата каде се наоѓа руската амбасада да се преименува во „Украинска“ 

Се појави онлајн петиција со која се бара улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“. 

Целта е граѓаните да ги поттикнаат градските власти да ја преименуваат улицата.

„Ова би бил симболичен чин на поддршка за украинскиот народ, кој ја брани својата независност во војната што ја започна Русија“, нагласија од Амбасадата на Украина.Повеќе земји веќе го реализираа овој гест за поддршка на Украина. 

Албанија го преименува делот од улицата на која се наоѓа Руската амбасада во улица „Слободна Украина“, Литванија ја преименува соодветната улица во улица „Украински херои“, Латвија ја смени улицата во улица „Независна Украина“, а Норвешка го смени името на плоштадот пред Руската амбасада во Украински Плоштад.

На 24 минатиот месец, Русија ја нападна Украина и двете земји уште војуваат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons