Македонија

ГРАЃАНИТЕ ПОВЕЌЕ САКААТ ДА ПЛАЌААТ ПРЕКУ МОБИЛЕН, еве ги деталите од промените на навиките 

Продолжува зголемената употреба на дигиталните начини на плаќање во земјава. Од Народна банка соопштуваат дека и во текот на третиот квартал од минатата година граѓаните уште повеќе ги користеле платежните картички од домашните издавачи за плаќање на трговија во земајва. 

Притоа забележан е годишен раст кај вредноста од 14,9 проценти, и кај бројот на остварени трансакции од 8,5 отсто. 

– Дигиталната револуција во плаќањата, која особено се засили за време на пандемијата на ковид-19 како во светски рамки, така и во нашата земја, придонесе за сѐ позачестена употреба на дигиталните решенија за плаќање, коишто се најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки современо (паметно) извршување. 

Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (10,1 отсто), иако послаб, продолжува и во третиот квартал од 2022 година, а продолжува и годишниот раст на бројот на плаќањата на физичките места на продажба (8,3 проценти) – објави НБ.

Притоа се посочува дека, кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери во истиот период е забележан годишен пад на бројот на плаќања за 8,6 отсто, при раст на вредноста од 5,6 проценти. 

– Притоа, постепената промена на навиките на граѓаните при вршење на плаќањата во земјата со цел користење на придобивките од електронското банкарство е видлива во начинот на вршење на кредитните трансфери, па така во третиот квартал од 2022 година е забележан годишен раст од 5,2 отсто кај бројот на плаќањата извршени електронски, односно годишен пад на бројот на трансакциите извршени на шалтерите на банките (12,5 отсто). За извршување на електронските плаќања најчесто се користат мобилните апликации со 54,7 проценти или висок годишен раст од 19,6 отсто, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање – потенцираат од Народна банка.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons