Граѓаните на Берово, Гостивар и Тетово повикани да не излегуваат од дома

Институтот за јавно здравје денешниот воздух во Берово, Гостивар и Тетово го прогласи за „екстремно лош“ поради зголемени концентрации на PM2.5 честички и ги повика жителите на овие градови да не излегуваат од дома непотребно.

Како “многу лош” се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево заради заради зголемените концентрации на PM10 честички, додека во Ѓорче Петров заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Од ИЈЗ предупредуваат дека некои поединци може да доживеат здравствени ефекти, а оние од чувствителните групи, посериозни здравствени ефекти.

Како најчувствителни и под  најголем ризик се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Штип, град кој во Македонија важи за таков со најчист воздух, вчера беше најзагаден. Мерните станици покажале трипати поголемо загадување, односно измерени се 171 микрограми ПМ честички, додека утринава изнесуваат 108 микрограми ПМ честички. Штип досега имаше најчист воздух во земјава, но веќе една недела го нема ветерот и намалена е и видливоста заради густата магла, која не е карактеристична за овој град.

Мерните станици во Скопје од пред некое време повторно се отчитуваат на сајтот на Минисрството и граѓаните можат да видат клку е загадено во нивниот реон. На сајтот уште нема податоци од Кочани, Гевгелија и од Куманово, кое важи за град со многу загаден зимски воздух.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons