Градот Скопје планира пожарникари да ги обезбедуваат училиштата 

Пожарникари да бидат обезбедување во средните училишта предлага Град Скопје. Според информации од учесници на координативниот состанок, градот го свикал кризниот штаб да изнајде решение за проблемот поради кои два месеци училиштата останаа без агенција за обезбедување. Ова трае веќе два месеци а изминатите денови допринесе за поголема паника и страв откако се појавија лажните дојави за поставени бомби. Град Скопје ги свика сите јавни претпријатија на координативен состанок за да најдат начин како да превенираат и овозможат учениците безбедно да ја посетуваат наставата.

МВР се одговорни за општата безбедност. Поради лажните дојави за бомби, нивното присуство во средните училишта е зголемено и се на готово. Град Скопје има обврска да обезбедува и чува објекти. А за закани од ваков тип мора да се преземат соодветни мерки, велат од Град Скопје.

Од противпожарната служба за сител велат тие имаат доволен број на пожарникари но не за да бидат поставени како обезбедување. Според нивните надлежности тие и до сега но и по барање на градот можат да интервенираат во делот на превенција и заштита од пожари и поплави.

Во средните училишта деновиве е зголемено присуството на полицијата согласно проценките на службите за јавна безбедност. Така ќе биде и во наредниот период велат за Сител од МВР. Во меѓувреме се уште се работи на пронаоѓање на сторителот кој лажно пријавува дека во средните училишта се поставени експлозивни направи. До сега беше приведено едно лице, но беше утврдено дека нема никакав поврзаност со случајот. Инаку во последните две недели 4 пати беа евакуирани учениците и вработените откако на официјалните маилови им пристигна лажна дојава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons