Голем пожар во тетовско: 20 пожарникари се бореле со огнот, тројца се соочиле со мало задушување 

Дури 20 пожарникари и време од речиси четири часа биле потребни ноќеска за да се изгаси пожар кој зафати објект во тетовско Долно Палчиште, информираат од Противпожарната единица од Тетово. Пожарот бил пријавен околу 20 часот и 30 минути, а бил локализиран и ликвидиран дури после полноќ.

-По пријави од многу граѓани се упативме со две возила и седум пожарникари. Во меѓувреме увидовме дека пожарот станува се поголем и побаравме дополнително да дојдат уште 13 пожарникари. Така се интервенираше со 20 луѓе и девет возила. 

Објектот беше голем на три ката, а внатре имаше многу мебел, теписи и сунѓери материјали што лесно горат, изјави Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons