Гир: Загрижува употребата на европско знаменце на законите за коридорите, тука нема усогласување со стандардите на ЕУ

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир рече дека во законите поврзано со коридорите 8 и 10 нема усогласување со стандардите на Евроспката Унија и дека загрижува означувањето на овие закони со европско знаменце.  Тој ова го изјави во одговор на новинарско прашање по одбележување на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија.

„Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10-д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ,  рече Гир.

Според него, европското знаменце постои бидејќи на патот кон ЕУ, Северна Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за што е потребно многу време во Парламентот.

„Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10-д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, рече Гир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons