Вучиќ: Србија ќе биде под сè поголем притисок да го признае Косово (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија се наоѓа под „сè поголем притисок“ да ја признае независноста на Косово.

Вучиќ кажа дека ситуацијата на Србија „е сменета на полошо“ по изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин.

Рускиот претседател на 26 април го спореди Косово со двата сепаратистички региони во Украина, Доњецк и Луганск, заедно познати како Донбас. Русија, како и Србија, не ја признава еднострано прогласената независност на Косово.

Вучиќ истакна дека „целиот Запад ќе бара од Србија брзо да оди кон признавање на независноста на Косово, за да можат да му покажат на Путин дека тоа не е истиот случај и дека Косово не е слично на она што се случува на територијата на Украина“.

Претседателот на Србија кажа дека европските лидери му пренеле дека Путин инсистирал на „случајот Косово“ во меѓусебните разговори. Сепак, Вучиќ кажа дека „не мисли дека Русија може да го признае Косово“.

Според Вучиќ, мал број земји велат дека се за нормализација на односите на Белград и Приштина, а сè поголем број држави бараат заемно признавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons