МагазинНајново

Времето денеска сончево и топло со температури до 30 степени, попладне локален пороен дожд и грмежи

Во текот на денешниот ден во државата ќе преовладува претежно стабилно и топло време, но со попладневна дестабилизација во одредени региони.

Синоптичарите најавуваат дека повремено засилениот северен ветер ќе донесе развој на нестабилна облачност главно во јужните делови од земјата.

„Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 23 до 30 степени.“

Слични временски прилики се очекуваат и во главниот град, додека во текот на целата нова работна седмица ќе имаме карактеристично променливи попладневни часови.

„Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 29 степени… Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons