Во Скопје измамен жител на Црна Гора, го изнајмиле како преведувач и му го испразниле новчаникот за 500 евра
На 11.12.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Црна Гора пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица.
„Според пријавеното, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра. Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата. Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од Министерството за внатрешни работи.