МакедонијаНајново

Во понеделник новите тарифници за плаќање на струјата

Новите тарифи за потрошувачка на електричната енергија се готови, и во понеделник ќе им бидат претставени на граѓаните, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика. Новиот правилник е направен од страна на експерти од Факултетот за електротехника и од Машинскиот факултет. Регулаторот засега не открива колку точно тарифни блокови ќе има, мо уверуваат дека со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена од останатите.

„Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата“, наведуваат од РКЕ.

Според неофицијалните пресметки кои што веќе ги направивме, граѓаните кои досега имаа сметки за струја над 10 илјади денари, следнава грејна сезона по се изгледа дека ќе плаќаат околу 15 илјади денари за истата потрошена елекрична енергија. Сепак регулаторот за Алсат веќе изјави дека ќе се прави посебен тарифен модел кој ќе ги опфати домаќинствата кои струјата ја користат како енергенс за загревање на домовите.

„Не треба да стравуваат и овие категории на потрошувачи да бидат опфатени во блоковите. Затоа не се знае дали ќе има три или четири блокови. Она што е јасно е дека од кога ќе ги презентираме блоковите ќе организираме неколку јавни расправи да го чуеме мислењето на експертите во земјата“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Новата цена на електричната енергија граѓаните ќе ја дознаат кон крајот на месецов. Регулаторот веќе ги прави анализите за признавање на трошоците на енергетските компании од кои зависи крајната цена на струјата. ЕВН ХОУМ веќе го распиша и тендерот за следните шест месеци за набавка на електрична енергија која ќе треба да ја дистрибуира до домаќинствата. ЕСМ има обврска да обезбеди 60 отсто од потребните количини. Доколку ја испорача целокупната енергија од 100 отсто би можело драстично да се намали и најавеното ново зголемување на цената на струјата која граѓаните ќе треба да ја плаќаат во периодот од јули до декември годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons