Во Дојран откриен досега најстариот меч во Македонија – стар е 3.500 години
На праисторискиот локалитет Мрдаја во Дојранското езеро откриен е бронзен меч, микенски тип, стар околу 3.500 години.
Според раководителот на истражувањата Зоран Рујак, ова е најстариот меч досега пронајден на територијата на Македонија.
Откритието фрла нова светлина врз животот, металургијата и контактите на заедниците што живееле во овој регион во бронзеното време.
Мечот потекнува од периодот на вториот милениум пред нашата ера и е од тип што се поврзува со микенската култура, една од најзначајните цивилизации во источниот Медитеран во доцното бронзено време.Откритието на Мрдаја е значајно не само поради староста и типот на пронајдениот меч, туку и поради целината на археолошкиот материјал.
Неговото откривање во Дојранското Езеро е особено значајно бидејќи претставува дел од поширок археолошки комплекс, кој сведочи за развиена праисториска населба и за технолошките способности на нејзините жители.



