МакедонијаНајново

Ќе одговара жената која ги оставала децата сами ноќе да спијат во кола додека била на работа

Сопругот ја пријави жената дека ги оставала децата да спијат сами во колата паркирана на земјен паркинг

Жена од село во Струшко, кое полицијата не го открива, ќе одговара за запуштање и малтретирање дете, откако ги оставила двете деца да спијат сами ноќе во паркиран автомобил во Струга додека таа била на работа“, информираат од МВР.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат“, пишува во полициското соопштение. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons