МакедонијаНајново

Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите

Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука да се потпише договор за средствата што се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за субвенционирање на превозот на студентите со што мерката ќе продолжи непречено и од јануари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

– Средствата се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31-ви декември, откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука да се потпише договор за да може веднаш да бидат префрлени на ЈСП бидејќи сесијата започнува во јануари и  студентите беспрекорно да го користат јавниот превоз во градот Скопје, изјави Мицкоски на новинарско прашање по присуството на презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи.

Мицкоски претходно најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студентите.

– Претходната Влада не ги предвидела овие средства ниту потпишала договор, мислам дека се 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници, рече Мицкоски.

 И Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons