Во Бугарија има ново парламентарно мнозинство, Никола Минчев разрешен од позицијата спикер 

Пратениците во бугарскиот парламент го разрешијаНикола Минчев од функцијата претседател на Народното собрание. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 113, а „воздржан“ 1 пратеник.

Минчев пред гласањето рече дека Бугарија ќе продолжи да биде на првото место.

– Влегов во храмот на бугарската државност и уште поголема чест ми е што ме направивте прв меѓу еднаквите. Нема да застанам и покрај тоа што се бара моја оставка. Вистинската причина за барањето моја оставка е иста како и причината заради која следната недела ќе се гласа за недоверба на владата. Во пленарната сала има ново мнозинство – рече Минчев од говорницата.

Според него, новоформираното мнозинство во кое се опозициските ГЕРБ, ДПС, Преродба и доскорешниот коалициски партнер Има таков народ, не само што нема да донесат промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел.

– Во таков парламент уште подобро е да не бидам претседател, оти испадна дека тие што требаше да збришат сега сакаат мене да ме збришат. Ако треба да избереме нов претседавач, сакам тој или таа да биде објективен како што се обидов јас – рече Никола Минчев.

Пратениците од Промената продолжува по смената на Минчев најавија предвремени парламентарни избори.

Премиерот Кирил Петков од говорницата му се заблагодари на Минчев за професионалното водење на Собранието.

– Тој е жртва на една нова коалиција која сега се формира од ГЕРБ, ДПС, Преродба и ИТН и кои гласаат против него и покрај неговата професионални кабинети. Но, сакам да ве успокојам. Кога ја почнавме работата во владата, ги осветливме големите шеми со Бугарската банка за развој, по победата на изборите имавме коалициски партнери од кои многи зависиме. Но патот е тој, промената доаѓа и чекор по чекор Бугарија ќе биде променета – рече премиерот Кирил Петков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons