ВОНРЕДНА ВЕСТ: Стигнуваат шокантни снимки – најмалку 50 лица загинаа откако руски проектил погоди продавница за храна (ВИДЕО)

Најмалку 50 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз продавница за храна во областа Харков, североисточна Украина, јави УНИАН, цитирајќи го шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов.

Тој истакна дека меѓу убиените во нападот, што се случи околу 13.15 часот по локално време во селото Гроза, округот Купјан, има и шестгодишно момче. „Нападнати се продавница и кафуле“, изјави Синегубов. Пред војната селото Гроза имало околу 500 жители.

Непосредно пред тоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека најмалку 47 лица се убиени во руски ракетен напад врз продавница во североисточниот регион Харков, објави украинската државна новинска агенција Укринформ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons