ВОЗ УДРИЛ ВО ЕДНО ЛИЦЕ КАЈ ГРАДСКО: Железничкиот сообраќај е во прекин 

Регионалниот ЦУК Велес, извести дека во утринските часови патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, со што железничкиот собраќај е во прекин, според информацијата на Македонски железници. 

 На терен веднаш излегла екипа од Полицијата – СВР Велес, а потоа и Јавен обвинител, коишто вршат увид на местото на настанот. Железничкиот собраќај е во прекин на релација Гевгелија – Скопје.

РЦУК – Велес известува дека се работи за маж кој бил роден 1960 година и по пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот, но Јавниот обвинител треба да го потврди тоа. Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons