Возила од четири држави учествувале во несреќата кај Кичево, има повредени луѓе
Двајца луѓе се повредени, од кои еден има тешки повреди, во денешната сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево кај месноста Сеферов Бунар, објави „Скопје инфо“ повикувајќи се на охридската полиција.
Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила, од кои три биле со странски таблички – од Србија, Унгарија и Албанија.
На местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош и на полицијата, а поради судирот, сообраќајот неколку часа беше во прекин и се пренасочуваше по споредни локални патишта.



