ВМРО ДПМНЕ стартува со блокада на работата во Собранието 

Опозицијата од денес почнува да ја блокира работата на законодавниот дом. Како што велат од партијата на Христијан Мицкоски со опструкцијата на работата сакаат да спречат носење на наводно штетните закони и носењето на ребалансот на буџетот на начин на кој се носи.

Крајната цел , како што се посочува е падот на владата.

Одлуката за блокада на Собранието беше потврдена едногласно на вчерашниот состанок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија”.

Според партијата, активната блокада е барање на граѓаните, бидејќи, според нив СДСМ создаде криза и сиромаштија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons