Запалени гуми предизвикаа шумски пожар во Тетовско 

Попладнево тетовските пожарникари изгасија шумски пожар кој бил предизвикан од намерно запалени автомобилски гуми. Пожарот бил евидентиран околу 13 часот и 30 минути во близина на патот што води од тетовската населба Дреновец кон планинското село Ѓермо.

„По дојавата одејќи кон локацијата видовме дека има густ црн чад, а таму видовме дека станува збор за запалени дваесетина автомобилски гуми ставени на едно место. Неколку од гумите се стркалале бидејќи местото е стрмно и започнал и шумски пожар, што зафати дрвја. На тоа место можевме да одиме само со теренско возило и само тројца пожарникари, но успеавма да го изгасаиме огнот за четириесетина минути,“ изјави Ука Алити, командант на тетовскат пожарна.

Тетовската противпожарникарска единица веднаш потоа се соочила со уште неколку пожари сите на отворен простор при што горела запалена вегетација. Алити потенцира дека сите се намерно запалени за се изгорат стрништа но опасноста била во тоа што биле во близина на фирми каде се продава плин, како и бензинска пумпа.

„Веднаш штом го изгаснавме пожарот со гумите, гасневме пожар во источниот дел од Тетово близу плинарата, а потоа и два пожари во близина бензинска пумпа во Порој. Една екипа со четири пожарникари гаснеше пожар и во Вратница на отворен простор во близина на амбулантата. Во 18 часот ни дојде дојава дека има и пожар долж автопатот Тетово-Скопје кон Желино каде имаше запалено меѓи и стрништа,“ информираше Ука Алити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons