Виљареал го посакува Димитриевски, но Рајо не планира лесно да се откаже од него 

Виљареал го продаде Херонимо Руљи на Ајакс за 10 милиони евра, сега е во потрага по нов голман, во Шпанија се пишува дека тие се заинтересирани за Столе Димитриевски. 

Македонскиот голман брани во одлична форма во Рајо Ваљекано веќе долго време, па често се поврзува со поголеми клубови од актуелниот. Се поврзуваше со Барселона, па со Ал Наср каде што сега е Роналдо, но никој не сакаше да ја плати сумата која ја бара Рајо Ваљекано. Наводно Рајо не планира да го продаде Димитриевски за помалку од 8 милиони евра, па Виљареал ќе треба да го одврзе кесето доколку сака да го ангажира македонскиот голман.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons