Видливост од само 20 метри на некои патишта поради магла 

Поради појава на магла, видливоста на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта таму каде што има магла се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons