(ВИДЕО) ПОЖАР ИЗБИ КАЈ ДОЈРАН: Eксплодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна
Пожар има во јужна Македонија. Голем пожар избувна на границата со Грција кај Дојран, откако експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна.
Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов кој се упати на местото на пожарот извести дека огнот се раширил во атарот на селото Селемли, но преминува преку фронтот на Првата светска војна – линија на која има заостанато многу мински неексплодирани средства.
„Во текот на овие два часа, слупшнати се четири силни екслпозии. Не е безбедно пожарникарите да се доближат до него. Пожарот е изгаснат само на еден крак каде што беше безбедно пожарникарите да пријдат. Остатокот се гаси со ертрактори кои ќе продолжат да дејствуваат“, рече Ангелов.Пожарот се движи и кон грчка територија, а на едно место е префрлен во оваа држава. Известен е грчкиот 112 за да бидат подготвени за гаснење од нивна страна. Деновиве имаше повеќе пожари во Македонија, а во кумановското Бељаковце изгореа стари куќи, додека и во соседна Грција има пожари какви не се забележани во историјата на ЕУ.