(Видео) Нокаут од Коцарев за властите: Македонскиот јазик подразбира милениумски континуитет, Македонци живеат низ цел свет! 

Македонскиот јазик има двојно значење, значење на јазик и значење на народ. Што упатува на неспорната реалност дека јазикот е органски сраснат со народот и дека јазикот и народот се сплотени и поистоветени еден со друг, истакна во денешниот говор по повод Илинден, претседателот на МАНУ, Академик Љупчо Коцарев.

– Старословенскиот црковен јазик се роди токму тука и оттука се рашири низ целиот словенски род. Затоа ние Македонците, не само на овој ден туку и постојано треба да се потсетуваме се додека наизуст не ги научиме аманетите кои ни ги оставија Крсте Петков Мисирков кој вели:

” Ние имаме и право освен долг да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето” и Блаже Конески кој вели “Послушајте Македонци, за нас повеќе отколку за многу други во светот јазикот ни претставува единствена наша комплетна татковина”.

Сепак воден од денешните премрежја би додал , послушајте Македонци за нас освен јазикот, за нас достоинството, почитта и правото на самоопределба се нераскинлив дел од нашата татковина.

Во својата долга и бурна историја Македонскиот народ бил главно под 4 господари, Византија, Отоманската империја, Србија и Бугарија. Но денес сите тие империи и кралства исчезнале и се распаднале, она што останало во времето и просторот, што не умрело, тоа се македонското духовно и културно наследство, што говори за амкедонскиот непокор и за бесмртноста на нашата желба за опстанок.

За Свети Климент поимите просвешчение и спасение се еквивалентни. Просветувањето е спасување, спасувањето е просветување, а ние Македонците нашето спасување го баравме во својот креативен дух.

За жал и денес во 21 век во навидум изградени демократски општества продолжуваат обидите за уништување на македонскиот идентитет, што е уште пострашно за самоуништување на националната свест и идентитетските белези кои ја прават македонската нација посебна, истакна Коцарев во денешниот говор.

Коцарев додаде:

– Денес на овој голем празник ве повикувам заедно да упатиме молитва за Македонија, а притоа да не заборавиме дека Македонија подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик и второ, македонскиот национален сипстрат го сочинуваат Македонците што живеат во Македонија, во соседството, Грција и Бугарија и низ целиот свет!

Целиот говор на Коцарев може да го слушнете на следниот линк:

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons