ВИДЕО: Мечка влегла во куќа и украла лазањи од замрзнувач

Италијанската кујна е една од највкусните во светот, а се чини дека и мечките знаат да препознаат добра храна. Па, така, една мечка влегла во куќа во сојузната американска држава Конетикат и сама си се почестила со лазањи.

На снимката од надзорната камера се гледа како мечката се движи низ внатрешноста на куќата, влегува во кујната и го отвора фрижидерот, односно делот што функционира како замрзнувач. Мечката таму нашла ќесе со замрзнати лазањи, а потоа ја искористила фиоката како скалило за да се искачи низ прозорецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons