ВИДЕО: Европа окована во мраз: Авио сообраќајот не функционира, стотина летови откажани – студен бран доаѓа и во нашиот регион 

Снегот и студеното време прават хаос во неколку големи европски земји.

Во неколку европски земји – Германија, Австрија, Италија и Велика Британија – големи количества снег предизвикаа колапс.

Обилните снежни врнежи ја погодија јужна Германија во петокот вечерта и продолжија утринава, предизвикувајќи големи нарушувања на аеродромот во Минхен, вториот најфреквентен центар во земјата. Откажани се околу 320 од 760 летови закажани за сабота, јави германската новинска агенција ДПА.

Екипите се обидоа да одржат барем една писта во функција и без снег.

Ситуацијата е критична низ Баварија каде наврна огромно количество снег. Минхен е парализиран, а транспортот е суспендиран. Во Улм и Минхен патниците мораа да преноќат во возови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons