ВИДЕО: Драма на летот за Краков: Кабината се наполни со чад, патниците се евакуирани

Необичен инцидент се случи на аеродромот Арланда во Стокхолм. Авион Buzz Boeing 737 управуван од Рајанер, требало да полета за Краков, но одеднаш кабината  се наполнила со чад.

Околу 189 патници беа брзо евакуирани со опрема за итни случаи од авионот, на што посведочија присутните кои ја опишаа сцената како драматична.
Се’ се случило пред да полета авионот, а одговорните веднаш реагирале, пишуваат медиумите.

Службите за итни случаи, полицијата и аеродромските власти ја координираа евакуацијата и истрагата.
Додека сите патници беа безбедно евакуирани, останала загриженоста за потенцијалните ризици за авионт, бидејќи причината за чадот првично била непозната.
Технологијата за термичка слика откри зголемена топлина во авионот, а на местото на настанот биле испратени и пожарникари.
Патниците биле евакуираат преку тобоганот на надувување.
Рајанер се извини за доцнењето и потврди дека резервен авион ги однел патниците до нивната дестинација во Краков.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons