(ВИДЕО) Бахмут е пепел – Вагнер вели тоа е кланица за украинската војска 

Русите го напаѓаат Бахмут. Тие се обидуваат да го освојат, но не успеваат и покрај помошта на паравоената група Вагнер. Битката всушност се води за градот кој во голема мера е уништен.

Силите на Москва неодамна постигнаа одреден напредок во насока на Бахмут, објавувајќи дека ги зазеле предградијата. Но, се чини дека тие не можат да го освојат градот, во кој живее скоро половина од неговото предвоено население од 70.000.

Водачот на групата на Вагнер, озлогласениот трговец со оружје Евгениј Пригожин изјави дека мораат да ја уништат украинската војска во кланицата Бахмут. 

Украина објави дека досега загубила 93.000 војници. Жителите на Киев кажаа дека ќе живеат во мрак, но не и со Русите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons