Вечерва не излегувајте без чадор: Ќе има невреме
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер ќе биде времето денеска.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и со изолирана појава на град.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Температурата ќе се задржи висока за овој период од годината, со максимални 29 степени.