Синдикатот на Клинички бара потпишан договор за поголеми плати до петок или ќе се активираат протестите 

Или до петок потпишан договор за повисоки плати или нови протести на здравствените работници. Синдикатот на Клинички ќе чека до крајот на работната недела здравствените власти да го исполнат ветеното од пред 4 месеци по 3000 денари месечно повеќе за сестрите и по 2000 за сите останати вработени во јавното здравство. Револтот на медицинскиот кадар е уште поголем зошто со растот на минималната плата речиси се изедначуваат примањата на хигиеничарка и сестра со средно.

– И со потпишување и не потпишување на анексот пак ќе има револт. Ќе се изедначат примањата. Ние правевме математика, хигиеничарка со 10 години стаж може да стигне до 22.600 денари месечно, а на сестра со 20 години стаж основна плата и е 23.600 денари, значи 1000 денари е разликата меѓу хигиеничар и сестра, изјави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на синдикатот на клинички.

Од министерството за здравство не добивме конкретен одговор кога министерот ќе го потпише договорот со синдикатите за повисоки плати на вработени во јавното здравство, туку само потврда дека во петокот министерот се сретнал со директорката на Фондот за здравство.

– На средбата со ФЗОМ се разгледуваа можностите од неколку аспекти за реализација на ова ветување. Дијалогот продолжува со сите надлежни институции, како што се ФЗОМ, МТСП, МФ и во координација со Владата на РСМ, стои во одговорот од МЗ.

Инаку на првото појавување во јавност министерот Фатмир Меџити ден по средбата со претставниците на најголемите Синдикати во здравството истакна дека мора да има повисоки плати за здравствените работници, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons