Бруцошите можат до 16 септември да аплицираат за сместување во студентски домови 

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирање за сместување во студентски домови за студентите од прва година на студии. Аплицирањето се врши електронски, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а крајниот рок е 16 септември.

„Потребните документи за бруцошите се наведени во конкурсот кој е објавен на посочениот портал и од каде истите треба да се симнат, пополнат и повторно прикачат во апликацијата.

Конечниот список со примени студенти ќе биде објавен на 30.9.2022 година на огласните табли во студентските домови и на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk“, се вели во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons