Бронза за Стефан Стојановиќ на Светското универзитетско првенство во карате
На Светското универзитетско првенство што се одржува во Бразилија, Бразил, македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал.
Во категоријата +84 кг., Стефан Стојановиќ успеа да се закити со бронзениот медал.
На стартот во елиминациската рунда – група 4, Стојановиќ со 5:0 го совлада Фин Малиска од Германија, а подоцна со 6:5 славеше и против Фуркан Кадир Генч од Турција.
Во четвртфиналната борба, нашиот натпреварувач со 2:1 го совлада Французинот Набил Беласри.
А во полуфиналето загуби од Турчинот Кадир Генч со 4:2.
Во женска конкуренција, во категоријата -68 кг., во борбата за бронзениот медал, Викторија Јовановска претрпе пораз од Фарнуш Нурсоби од Иран со 5:4.
Претходно Јовановска триумфираше против Иман Еја од Белгија со 3:2 и против Марлен Линдстад од Германија (2:0).



