Брнабиќ: На раб сме на оружен судир со Косово 

На денешната седницата на Националната конвенција за Европската Унија во Србија, главна беше тензичната ситуација со Косово и Србија, а претседателката на српската влада Ана Брнабиќ, предупреди дека ситуацијата за кратко ќе ескалира, па кажа дека „биле на раб на оружен судир“. Упати и молба до граѓанските организации.

„Мојата последна молба, а се однесува на европските интеграции и е исклучително важно за нашите европски интеграции, е во овој момент да дадеме сè од себе, сите заедно, да се обидеме некако да го зачуваме мирот. Ние навистина сме на раб на оружен судир, благодарение на унилатералните потези на Приштина. Јас ве молам, пред сè организациите од цивилното општество, чија основна цел е заштита на човековите права, да се огласите по повод тортурата низ која минуваат Србите на Косово и Метохија“, изјави Брнабиќ.

Истакна дека адвокатот на уапсениот поранешен припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ 12 дена не може да дојде во контакт со својот клиент.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons