Бомба од Србија: Пирло станува тренер на Партизан?! 

Како што пренесува Спортклуб, Андреа Пирло би можел да седне на кормилото на Партизан, Италијанецот до крајот на неделата ќе одговори на предлогот од „црно-белите”.

Бомба од Србија, Андреа Пирло би можел да стане нов тренер на Партизан. Поранешниот играч и предводник на Јувентус во моментов е во Белград како амбасадор на еден фудбалски камп и „црно-белите“ ја искористиле оваа прилика да остварат контакт.

Се говори дека Италијанецот позитивно реагирал на предлогот и оставил простор за договор.

Андреа Пирло конечен одговор ќе даде до крајот на неделата и доколку стана тренер на Партизан, ќе има плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons