Боки-13 бара повторување на судењето за „Рекет“ 

Барам ново фер судење и фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудијата на страните во постапката, барам судење спроведено согласно законот за кривична постапка, барам судење пред непристасен суд, каде ќе има само право а не политички нарачана пресуда, пишува во својата објава на ФејсбукБојан Јовановски.

-Почитувани сограѓани, почитувана јавност општа и стручна, почитувани медиуми, почитувани претставници на меѓународната заедница, денеска преку оваа студија на Коалицијата „Сите за правично судење” случајот „Рекет“, детално, конкретно и фактолошки со целосен осврт на целокупниот судски предмет, неспорно ќе се утврдат сите повреди од апсолутен карактер на законот за кривична постапка, нееднаквоста на орудијата на страните во постапката, повреда на правата на обвинетите во постапката, повредата на начелото на фер и правично судење. Наспроти сите претпоставки и шпекулации поттикнати од видливата тенденција на Русковска која резултираше со закани кон судии од Апелациониот суд Скопје кои подоцна истите не осудија – пишува Јовановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons