Битолчанец починал во пожар кој настанал во неговата гаража 

На 28.12.2023 околу 06.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Стрежево“ во населба Горно Оризари настанал пожар во гаража од куќа, сопственост на Б.Ц.(75) од Битола, соопшти МВР.

Во пожарот, од здобиените повреди починал сопственикот Б.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, додека неговата сопруга М.Ц. била пренесена во Општа болница Битола каде било констатирано труење со јаглерод моноксид.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons