БЕГ да ги сторнира августовските зголемени сметки, бара РКЕ 

БЕГ ќе треба да им ги врати сметките за парно на скопјани во кои има пресметано зголемување од 40 отсто, изјави претседателот на Регулатоната комисија за енергетика Марко Бислимоски, откако многу граѓани реагираа дека добиле драстично зголемени цени за парното греење, иако поскапувањето требаше да изнесува 14 отсто. На тие граѓани кои веќе ја платиле сметката, парите ќе им бидат надоместени со следните сметки, рече Бислимоски.

„БЕГ не ги пресметала субвенциите што ги дава Владата за потрошувачите на топлиснка енергија во Скопје. Владата има донесено соодветна одлука, а ако има изминат рок ќе донесе нова. Потрошувачите секако ќе ги добијат субвенциите. Пари има издвоено и во буџетот. Тоа значи дека БЕГ ќе треба да ги сторнира сметките кои им ги испрати на потрошувачите во невообичаен термин пред завршување на месецот, на 30 и 31 август . Ќе треба да се подготват нови сметки кои ќе ги добијат граѓаните“, рече Бислимоски.

Тој нагласи дека  дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска енергија.

„Сметам дека немало потреба да се испраќаат сметки на 30 и 31 август. Не мие јасно зашто од БЕГ не нѐ информирале за тоа. Граѓаните треба да добијат сметки за топлинска енергија како што беше договорено“, рече Бислимоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бислимоски ги информира граѓаните дека тие што веќе ја платиле сметката, парите ќе им бидат вратени во наредните сметки, без оглед на тоа дали дејноста ќе врши БЕГ или друга компанија.

Регулаторна комисија во јуни годинава на БЕГ и ја одзеде лиценцата за снабдување и дистрибуција на топлинска енергија, а претходно беше одземена лиценцата за производство на топлинска енергија. Меѓутоа, до завршување на процедурата за избор на нов вршител на енергетска јавна дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, БЕГ законски е обврзана да ја врши дејноста.

На новинарското прашање дали е точна информацијата дека не е набавен гас за потребите на загревањето на скопјани кои се приклучени на централно греење, претседателот на РКЕ рече дека има информации оти компанијата што планира да го преземе снабдувањето со топлинска енергија е во комуникација со најголемиот трговец со природен гас во земјава за да го обезбеди овој енергенс за потребите на домаќинствата.

„Со оваа цена на природен гас која минатата недела беше 3.500 долари за нормален кубен метар, а деновиве има тренд на намалување, ако може тоа да се каже, и сега чини 2.600 долари треба сериозно да се размисли дали ќе постои и опција со мазут доколку цената е висока. Верувам дека ќе биде обезбеден гас, а и ТЕ-ТО ќе работи во септевмри“, рече Бислимоски.

Тој нагласи дека ТЕ-ТО мора да работи во грејната сезона бидејќи цената што ја дава за греењето е за 60-тина проценти пониска од цената на топланите, а плус се обезбедува и да нема загадување во градот Скопје.

„Работењето на ТЕ-ТО во делот на електричната енергија е неопходно во зимските месеци од технички аспект за да ги стабилизра напонскит еприлики во мрежата. Според мене, не постои опција ТЕ-ТО да не работи во текот на зимските месеци“, потенцира Бислимоски и додаде дека веќе е прогласена кризна сиосотјба во енергетиката и државата ќе најде начин за да функционира системот за топлинска и за електрична енергија

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons