Бебе без знаци на живот донесено во тетовската болница, мајката одбила обдукција 

Вработена на Одделението за педијатрија во тетовската Клиничка болница вчера (20 ноември) во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавила дека на 9-ти овој месец околу 7 часот женско лице од Република Косово донело шестмесечно бебе без знаци на живот, кое лекарите од ова Одделение се обиделе да го реанимираат, но не успеале во тоа и констатирале негова смрт.

Женското лице од Косово потоа го зело бебето и медицинската документација и заминало одбивајќи да се изврши обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons