Антикорупционерите најавуваат силна борба со корупцијата 

Имотот на судии, јавни обвинители, министри и пратеници по случаен избор под лупа на антикорупционерите.

Засилена борба со корупцијата е високо на агендата на ДКСК за следната 2023-та година, особено во правосудство и законодавната и извршната власт, професии кои и натаму имаат висок ризик за корупција.

Дали некој функционер го крие имотот, антикорупционерите полесно ќе можат да утврдат со софтверот кој директно ќе ги поврзе со институциите кои имаат вакви податоци, но електронското решение се очекува следната година.

Според ДКСК, приоритет за институциите треба да бидe и Законот за потекло на имот, кој се најавува речиси две години, законско решение кое значително ќе ја зајакне борбата против високата корупција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons