Учениците и родителите во исчекување дали штрајкот ќе продолжи 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска треба да се произнесе дали ќе го продолжи штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.- Advertisements –

Таа воедно истакна дека не треба се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.

– Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава. Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици, изјави Николова.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата последна колумна на тема плати, вели дека треба да ги видат и околностите и барањата на дел од јавните работници, меѓу нив и дел од образовниот кадар во градинките и училиштата.

– Треба да е јасно дека зголемувањето на основните плати на наставниците за околу 90% и линеарно зголемување на платите за скоро 20 отсто во градинките (што повлекува барања за покачување на платите во останатиот јавен сектор), во овие околности значи разгорување на инфлаторната спирала.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons