Анкета на ИПИС: Огромно мнозинство Македонци не го прифаќа францускиот предлог за ЕУ

Македонците не сакаат во ЕУ со францускиот предлог. Последната анкета на Институтот за политички истражувања покажува дека речи си три четвртини од Македонците и над половина од вкупниот број македонски граѓани не прифаќаат старт на преговорите по цена Македонија да се согласи со францускиот предлог. Поддршка даваат само 15% Македонци и нешто под третина од сите македонски граѓани.

Речи си 68% Македонци и 52% од вкупниот број на граѓани ги поддржуваат протестите. Против е третина од сите граѓани или секој петти Македонец.

Во тврдењата дека сме добиле модификуван француски предлог кој ни ги штити интересите веруваат исклучително мал број граѓани.

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека новиот француски предлог е ист како оној кој Македонија го одби во Брисел и дека измените се само несуштинска козметика.

Божиновски вели дека револтот на граѓаните веќе влијае и на партиските рејтинзи. Анкетата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов има речи си 6,5 поени предност пред СДСМ. Ако следната недела има избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 22,1% од граѓаните а за СДСМ 15,7%.  Останатите партии немаат некои значителни промени на рејтинзите.

Во ИПИС велат очекувале вакви резултати

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот меѓу 4 и 6 јули врз репрезентативен примерок од 1114 испитаници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons