Англиски фудбалер не се чувствува безбедно во Англија: Оваа земја не е каква што беше

Поранешниот фудбалер на Њукасл, Џонџо Шелви ги изненади сите со потегот да го напушти Барнли и да се пресели во Арабиан Фалконс.
Тој одлуката да се пресели во Дубаи ја препишува на безбедноста за живеење. Смета дека Англија веќе не е град каков што бил пред една деценија.
„Не читам многу за политика, само ги гледам работите кои се случуваат. Нема да седам тука затоа што чувствувам дека Велика Британија не е иста каква што беше пред 10 до 15 години“, вели Шелви.
Фудбалерот смета дека големиот број на мигранти кои пристигнале во изминатите години го промениле ликот на неговата земја.
Фото: EPA