Американски генерал: Украина доби повеќе противтенковски ракети отколку што има тенкови во светот (ВИДЕО) 

Американскиот генерал Марк Мајли, првиот човек на американската војска, кажа дека повеќецевните ракетни фрлачи „химарс“, заедно со муниција и увежбани украински екипажи, ќе бидат префрлени во Украина до крајот на овој месец.

„Тоа значи дека во рок од неколку дена Украина во борбата ќе користи ракетна артилерија со долг дострел, која ќе ја користат увежбани војници“, кажа Мајли.

Повеќецевните ракетни фрлачи „химарс“ можат да лансираат прецизни наведувани ракети на мети оддалечени до 70 километри, што е значително поголем дострел од кој било артилериски систем со кој Украина во моментов располага.

Вашингтон претходно соопшти дека ќе испрати ракетни фрлачи „химарс“ дури откако ќе добие гаранции од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека нема да ги користи против мети на територијата на Русија.

Мајли кажа дека САД и сојузниците обучиле 60 украински војници за ракување со системите „химарс“ и 420 војници за ракување со хаубици М777.

Истакна дека „меѓународната заедница“ ѝ испратила на Украина 97.000 разни противтенковски системи, повеќе отколку што има тенкови во целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons