Ѓорческа го мина првото квалификациско коло на Вимблдон
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја мина првата пречка од квалификациите за Вимблдон, за час и 20 минути ја победи Фита Болуда од Шпанија.
Шпанската тенисерка за десет позиции е подобро рангирана од Ѓорческа, но денеска на тревата на Вимблдон доминираше Македонката.
Лина го доби првиот сет со 6-2, во вториот беше подобра со 6-4.
Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против португалската тенисерка Франциска Жорге која е 226. место на ВТА листата.



