Финансиската полиција поднесе кривични пријави за злоупотреби со ИПАРД средства тешки над 50 милиони денари
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против пет физички лица и две правни лица поради сомнежи за злоупотреби поврзани со користење средства од европските фондови и незаконско стекнување имотна корист во вредност од над 50 милиони денари.
Кривичните пријави се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство Скопје, објави 4news.mk Осомничени се две лица во својство на надзорни инженери, како и тројца сопственици и управители на две компании, додека пријави се поднесени и против самите правни субјекти.
Според наводите на Финансиската полиција, надзорните инженери, спротивно на законските одредби, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, иако објектите не биле целосно завршени. Со ваквите документи било овозможено нивно впишување во Агенцијата за катастар на недвижности.
Истражителите сметаат дека сопствениците и управителите на компаниите биле свесни дека објектите не ги исполнуваат законските услови за употреба, но сепак ги искористиле спорните извештаи за да создадат привид дека инвестициите се завршени и подготвени за користење.
Целта, според пријавата, била обезбедување исплата на финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој во рамките на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПА 3, односно ИПАРД 2021–2027.
Со ваквите дејствија, осомничените се обиделе да стекнат противправна имотна корист во вкупен износ од 50, објави 4news.mk 141.528 денари.
Против пријавените се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги, измама на штета на средствата на Европската Унија во обид и употреба на исправа со невистинита содржина. За случајот ќе постапуваат надлежните обвинителства.



